На 12ти мај, македонските и регионалните експерти за односи со јавноста, комуникации и социјални медиуми ќе имаат единствена можност да ги совладаат најновните трендови во кризни комуникации во ера на социјални медиуми, со помош на Доналд Стил, интернационален експерт за менаџирање со кризи и градење на глобална репутација.
На оваа ексклузивна, еднодневна работилница, Доналд ќе им помогне на македонските и регионални колеги да ги идентификуваат можните кризи во нивните компании, да подговат план за кризна комункација, да креираат стратегија за менаџирање со медиуми во време на криза и успешно да се справат со негативен публицитет и критики.
Доналд Стил е поранешен директор за комуникации во BBC и директор и партнер во Kenyon International Emergency Services, една од водечките светски компании за менаџирање на кризи во авио индустријата. Тој е и редовен предавач на престижниот London School of Economics.
Билетете за овој екслузивен настан можат да се купат на официјалната веб страна на Пи Ворлд: http://www.thepworld.com/event/crisis-communications-workshop-with-donald-steel
Маркетинг365 е официјален медиа партнер на настанот.