Публицис Групацијата, една од водечките комуникациски агенции, продолжува со новите аквизиции.
Пред извесно време пишувавме дека изнакупија еден куп social media агенции, меѓу кои и Net@lk водечката кинеска агенција, а денеска ни стигна и веста дека нивна нова компанија станува и ETO, која важи за најдобра CRM (Customer Relationship Management) и Data агенција во Франција.
ETO е формирана во 1985 година од Jean Derreumaux и Nicolas Leconte, вработува 220 луѓе, има две канцеларии во Лил и Парис и се смета за една од најспецијализираните агенции за анализа и менаџирање со податоци.
Портфолиото на ETO вклучува листа од околу 40 брендови меѓу кои и Orange, LVMH (Louis Vuitton Moet Hennessy), TOTAL, GO Sport и Sephora.
Со купувањето на ETO се претпоставува дека Publicis на големо се спрема за инвестиции во развојот на услуги за CRM кои сака да им ги понуди на своите клиенти низ светот и влез на Big Data пазарот како сериозен играч и конкурент.