Организаторите на фестивалот на интегрирани комуникации Кактус од Србија го објавија списокот со членови на регионалното жири за доделување на стручните награди за годинава.
Регионалното жири е составено од 11 креативни директори од регионот, а македонски претставници во одбраното друштво се Илинка Црвенковска од Идеа Плус, Жарко Димитриоски од Еден На Еден и Душан Дракалски од Demner, Merlicek & Bergmann (Австрија).
Покрај нив, дел од жирито ќе бидат и Аљоша Багола (Пристоп, Словенија), Вања Блуменшајн (Сењор, Хрватска), Весна Бегановиќ (Виа Медиа, БиХ), Давор Руње (Драп, Хрватска), Домен Хусу (Yin+Young, Словенија), Јелена Шимуновиќ (Студио Сонда, Хрватска), Мирка Модричиќ (Имаго Огилви, Хрватска) и Тине Лугариќ (Luna/TBWA, Словенија).
Оваа година, во споредба со лани, значајно е изменет составот и структурата на жирито и тоа ќе биде составено од 11 членови кои доаѓаат од Србија и 11 членови од целиот регион.
Конкурсот за пријавување за наградите Кактус 2017 ќе биде објавен на крајот од мај, а фестивалот е предвидено да биде оддржан на 1 и 2 ноември во хотелот Crowne Plaza во Белград.