Социјалните мрежи често се критикувани како платформи кои раѓаат нездрави споредби на луѓето, како со пријателите така и со непознатите луѓе.
Инстаграм започна #HereForYou кампања со цел да им помогне на корисниците да пронајдат помош и во онлајн и во офлајн светот, како во превенцијата, така и во борбата со менталните болести. Во едноминутниот спот, корисниците зборуваат за својата борба со пореметувањето во исхраната, депресијата и суицидните мисли. Во спотот се појавуваат сосема обични луѓе, а не Инстаграм инфлуенсери кои имаат илјада следбеници.
Покрај водечкиот хаштаг за кампањата, Инстаграм истакнува и неколку други, вклучувајќи #ItsOkayToTalk, #MentalHealthMatters, #RecoveryIsPossible, #SadGirlsClub, #EndTheStigma, #SelfLoveClub и #EDWarrior. Истоа така составена е и листа на установи, по земји, во кои корисниците можат да се обратат за помош.
Извршниот директор на Инстаграм истакна дека доколку корисниците видат пост од некој на кому е потребна поддршка, можат да пријават анонимно, а Инстаграм ќе го поврзе со организациите кои нудат помош.
Видеото од кампањата можете да го погледнете на следниов ЛИНК.