Publicis Groupe планира да направи AI (artificial intelligence) помошник за своите 80,000 вработени во преку 200 дисциплини во 30 земји, под името Marcel.
Именуван по основачот на групацијата Marcel Bleustein-Blanchet, Marcel е опишан како спој од Alexa, Google for Work платформата, креативната заедница Behance и Kikstarter (овој дел доаѓа од идејата вработените да можат да дадат понуда за проекти на кои сакаат да работат).
Некои од клучните карактеристики на овој професионален AI асистент вклучува и способност вработените да се пријават за работа на проекти ширум светот, што е идеја која произлезе од глобалното истражување на таленти кое Публицис го спроведе пред околу осум месеци.
Marcel исто така коже да го користи својот алгоритам за создавање на релации – како би ги споил луѓето со вистински вештини и искуства на определени проекти. Така тој ќе им помага на агенциите од мрежата да ги составуваат своите “соврешени“ тимови за некој определен проект.