Уметноста во последно време беше инспирација за бројни извонредни реклами, вклучувајќи ги и минатогодишните освојувачи на Гранд При на Cannes Lions фестивалот „Van Gogh Bnb“ и „The Next Rembrandt“. Ogilvy Chicago ја продолжи таа традиција и во 2017 година со разиграна и симпатична кампања за Kiwi кремата за чевли, во која агенцијата ја замисли, а потоа и ја наслика долната половина на познатите ликовни дела – со цел да ги покаже чевлите на личностите на овие славни портрети.
Кампањата „Portraits Completed“ оваа недела освои златен и бронзен лав во категоријата Print & Publishing на фестивалот во Кан. Но, кампањата отиде подалеку од навистина одличната кампања во печатот.
Имено, Ogilvy организира и изложба на слики, со хумористичен аудио турнеја која овозможи исцрпни и точни информации од историјата на уметноста, но исто така и многу вешто го вметна брендот во наративот. Агенцијата исто така соработуваше и со музејската апликација која го реплицираше искуството по пат на проширена реалност. Сето тоа помогна кампањата да освои и сребен лав и два бронзени во категоријата Outdoor.