Блог агрегаторот “Blogirame“ вторпат по ред и оваа година го организира изборот “Блогираме и #ТвитерНагради“ на најдобрите Македонски блогови и твитерџии распоредени по неколку категории.
Исто како и минатата година, така и во оваа, номинациите и гласањето го прави самата интернет заедница, со што продолжува праксата на главното мото на “Блогираме“ : “Од заедницата – за заедницата“.
Во првата фаза од изборот се случуваше номинирање на најдобрите блогови и твитерџии, а сега на ред е гласањето и прогласувањето на најдобриот помеѓу оние кои добија најмногу номинации !
Со задоволство Ве информираме дека Маркетинг365 е номиниран во категоријата Најдобар ИТ и/или Интернет Маркетинг Блог на годината и се наоѓа во конкуренција на уште неколку одлични блогови кои ја одбележаа годинава што изминува.
Најдобар ИТ и/или Интернет Маркетинг блог
[линк]
Самата номинација во финалниот дел за нас претставува обврска плус и во иднина да продолжиме да споделуваме квалитетна содржина која ќе го задоволи префинетиот вкус на нашата публика !
Истовремено ги повикуваме нашите читатели да дадат свој придонес во успешноста на овој одличен настан и со својот глас да ги поддржат оние за кои сметаат дека изминатиов период биле најуспешни ! Можете да гласате на следниов ЛИНК.
Манифестацијата за доделување на наградите за победниците најавено е дека ќе се оддржи во клуб-ресторанот на МКЦ на 4 декемеври (Среда) од 20:00 часот.