Грижата за тоа каде се појавуваат дигиталните реклами на Procter and Gamble (P&G), резултираше со кратење на буџетот за online адвертајзинг во последниот квартал од 100 до 140 милиони долари.
Како што објаснуваат од компанијата во својот најнов финансиски извештај, нивната загриженост за тоа дека нивните реклами не се појавуваат во согласност со нивните стандарди и спецификации, како и лажниот сообраќај предизвикан од клик-ботови е причината поради која се решиле привремено драстично да го намалат своето вложување во дигитал.
Оваа одлука доаѓа очекувано, бидејќи како што пренесовме на Маркетинг365 овој Јануари, нивниот бренд директор Marc Pritchard имаше повик до агенциите кои ги сервисираат брендовите на P&G да бидат по-транспарентни во презентираните податоци и од сите дигитални платформи да бараат мерење од трета-независна страна.