Хрватското здружение на агенциите за деловно комуницирање (HURA) ја објави проценката за адвертајзинг вложувања во водечките хрватски медиуми за 2016 година.
Според резултате на HURA Meda AdEx (Advertising Expenditure) изминатата година во закуп на огласувачки простор на водечките хрватски медиуми вложно е вкупно околу 1 493 000 000 куни (201 417 658 евра), што е пораст од 2,8% во споредба со 2015 година. Најголем пораст на поединечен комуникациски канал од 27% е забележен во интернет огласувањето.
Со продолжувањето на порастот на вложувањата во интернет огласувањето и целокупниот раст на сите поединечни канали, со последниот Media AdEx забележан е и пораст на ТВ огласувањето (2%) и вложувањата во надворешно огласување (2%). Негативниот тренд на пад на огласувањето во печатот и радиото е присутен од 2015 година, а во 2016-та забележан е повторно со -8% кај принтот и -2% кај радиото.
Со обзир на уделот на поединечните комуникациски канали во севкупните инвестиции за огласување, сеуште доминира телевизијата со удел од 51%, следи печатот со 17% и интернет со 14%.

Овие износи не вклучуваат разработка на креативните идеи, продукцијата и специјалните формати. Примарни извори на податоци за оваа проценка се:
- MediaPuls
- AGB Nielsen
- FINA
- Procjena medijskih agencija HURA-e
- Financijska izvješća medija
Како се делеше огласувачкиот колач низ видовите медиуми во изминативе неколку години во Хрватска, можете да погледнете на следниов ЛИНК.