Home » Во фокусот » Хрватскиот огласувачки колач во медиумите расте трета година по ред!

Хрватскиот огласувачки колач во медиумите расте трета година по ред!

Хрватското здружение на агенциите за деловно комуницирање (HURA) ја објави проценката за адвертајзинг вложувања во водечките хрватски медиуми за 2016 година.

Според резултате на HURA Meda AdEx (Advertising Expenditure) изминатата година во закуп на огласувачки простор на водечките хрватски медиуми вложно е вкупно околу 1 493 000 000 куни (201 417 658 евра), што е пораст од 2,8% во споредба со 2015 година.  Најголем пораст на поединечен комуникациски канал од 27% е забележен во интернет огласувањето.

Со продолжувањето на порастот на вложувањата во интернет огласувањето и целокупниот раст на сите поединечни канали, со последниот Media AdEx забележан е и пораст на ТВ огласувањето (2%) и вложувањата во надворешно огласување (2%). Негативниот тренд на пад на огласувањето  во печатот и радиото е присутен од 2015 година, а во 2016-та забележан е повторно со -8% кај принтот и -2% кај радиото.

Со обзир на уделот на поединечните комуникациски канали во севкупните инвестиции за огласување, сеуште доминира телевизијата со удел од 51%, следи печатот со 17% и интернет со 14%.

за полесна пресметка / 1 евро = 7,41 куни

Овие износи не вклучуваат разработка на креативните идеи, продукцијата и специјалните формати. Примарни извори на податоци за оваа проценка се:

  • MediaPuls
  • AGB Nielsen
  • FINA
  • Procjena medijskih agencija HURA-e
  • Financijska izvješća medija

Како се делеше огласувачкиот колач низ видовите медиуми во изминативе неколку години во Хрватска, можете да погледнете на следниов ЛИНК.

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365