Како што веќе претходно најавивме а имавте можност синоќа и да погледнете на Маркетинг365, во Белград, во рамки на настанот “McCann Parabrodiranje” се оддржа панелот насловен како “Рекламите можат да бидат уметност“, кој беше посветен на рекламите кои секојдневниот живот и свет околу нас го прават поинтересен и подобар.
По повод оваа прилика, Владимир Чосиќ, креативниот директор на McCann Белград изјави : “Панелот беше замислен како простор во кој стручната јавност ќе иницира дискусија на оваа тема. Дискусија која ќе мотивира потреба за барање поголем ангажман во остварувањето на целта рекламите да станат нешто многу повеќе од обичен огласувачки прозвод. Oсобено сум задоволен што иако тргнавме од тотално различни појдовни точки на почетокот, на крајот сите се согласивме дека е неопходно адвертајзингот да ја допира уметноста за да се воспостави длабока врска на брендот со конзументите“
На Панелот, покрај Владимир Чосиќ, учествуваа и Хана Адровиќ (PR manager, MTV – модератор), Миша Терзиќ (режисер), Милица Вуличевиќ Басоровиќ (Маркетинг менаџер во The Coca-Cola Company), Мирко Стојковиќ (професор по драматургија) и Исидора Николиќ (дизајнер и професор на Факултетот за медиуми и комуникации).
Панелистите се сложија дека рекламите мора да се надоградуваат со поголем квалитет во уметничка смисла, но и дека авторите на рекламите и огласувачите треба секогаш да бидат свесни дека тие со рекламите кои ги создаваат се дел од поширок општествен контекст на кој директно влијаат со секоја нова реклама.
Се на се, ова беше еден одличен настан и вистински пример како треба да се негува адвертајзинг индустријата претставувајќи ја пред пошироката јавност која на допадлив начин беше запознаена со различните видови на современиот адвертајзинг како неизоставен дел на поп културата во светот.