Скопскиот неделник “Скопско Ехо“ од оваа недела ги руши сите рекорди на тираж што се однесува до печатените медиуми во Република Македонија, пораснувајќи на тираж од 45,000 примероци.
Истовремено, бројот на страници неделава се зголеми на плус 8 во боја, со што сега весникот е распослан на вкупно 40 страници. “Скопско Ехо“ се дели бесплатно и може да се најде на вкупно 65 локации во Скопје.
Во новиот 42-број ударни теми се: Скопјани бараат од партиите чисто гласање – кодексот за фер избори го потпишаа, ама овој пат ќе го сопрат ли “Бугарскиот воз“, Кампања со две лица – Сериозни национални теми ќе го чистат воздухот, Интервју Златко Ориѓански: Скопје е далеку од сериозен и добро организиран град.