Burger King го претвори филмот направен по книгата на Стивен Кинг во своја најдолга реклама
Хорор филмот направен по книгата на Стивен Кинг „Тоа“ (It), се врати на големите платна и додека легендарниот кловн од филмот ги разбива рекордите ширум светот, брендот Бургер Кинг пронајде досетлив начин да го вклучи во својата реклама против својот најголем конкурент McDonald’s.
Имено, агенцијата Grabarz&partner од Хамбург, Германија, забележала сличност на главниот негативец од филмот со еден друг познат кловн, Ronald McDonald и со тоа, пронајде прилика за еден хумуристичен потег со кој целиот филм го претвори во „најдолгата реклама на Бургер Кинг“.
На крајот од проекцијата на филмот во Хамбург, објавена е рекламата со порака „Поуката е: никогаш не му верувајте на кловн“, и логото на Бургер Кинг, што ја одушевило публиката.