Home » Во фокусот » Burger King ја искористи проекцијата на еден хорор филм за генијално тролање на McDonald’s

Burger King ја искористи проекцијата на еден хорор филм за генијално тролање на McDonald’s

Burger King го претвори филмот направен по книгата на Стивен Кинг во своја најдолга реклама

Хорор филмот направен по книгата на Стивен Кинг „Тоа“ (It), се врати на големите платна и додека легендарниот кловн од филмот ги разбива рекордите ширум светот, брендот Бургер Кинг пронајде досетлив начин да го вклучи во својата реклама против својот најголем конкурент McDonald’s.

Имено, агенцијата Grabarz&partner од Хамбург, Германија, забележала сличност на главниот негативец од филмот со еден друг познат кловн, Ronald McDonald и со тоа, пронајде прилика за еден хумуристичен потег со кој целиот филм го претвори во „најдолгата реклама на Бургер Кинг“.

На крајот од проекцијата на филмот во Хамбург, објавена е рекламата со порака „Поуката е: никогаш не му верувајте на кловн“, и логото на Бургер Кинг, што ја одушевило публиката.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365