Агенцијата FCB Canada направи продолжение на нивната наградувана кампања “Down Syndrome Answers” за Здружението на лица со Даунов синдром на Канада, а лансирањето на кампањата се поклопува со неделата на Даунов синдром во оваа земја.
Новата кампања, насловена како “Anything But Sorry”, објаснува дека речиси се` можете да им речете на родителите кои добиле дете со Даунов синдром, освен она што никогаш не треба да го изговорите, а тоа е „жал ми е“.
Кога ќе се роди детето, обично родителите добиваат многу честитки. Последната работа која би им ја рекле на новите родители е „Жал ми е“. Сепак, тоа е она што најчесто родителите кои добиваат новороденче со Даунов синдром го слушаат од своите пријатели, семејството, па дури и од својот доктор. Иако мислат дека сочувството помага, „жал ни е“ е последната работа која новите родители сакаат да ја слушнат.
Во средиштето на кампањата за подигнување на свеста е видеото насловено како “The S Word”. Видеото прикажува лица со Даунов синдром кои споделуват алтернативни работи за изговарање на новите родители – користејќи ги сите несоодветни фрази кои ги знаат, освен „Жал ми е“. Поентата е дека раѓањето на секое дете треба да се слави. Тука е и многу трогателното видео од снимањето, насловено “Why Sorry Is a Bad Word“ .
На овај линк можете да ја погледнете веб страницата на кампањата која ќе продолжи да живее онлајн како ресурс за родителите, семејствата, пријателите и давањето на здравствена грижа.