Кога ќе ја слушнете песната „Hungry Eyes“ првата работа која паѓа на памет е љубовната сцена од филмот „Валканиот танц“, но после оваа реклама тоа би можело да се промени.
Рекламата за храна за мачки Sheba е крајно едноставна, но и прилично восхитувачка. Постои само една убава сива мачка, со хипнотизерски плави очи, која гледа во вас и и со шепата го следи ритамот на песната „Hungry Eyes“, со приказ на стиховите од песната во караоке стил. Сепак, ќе забележите дека песната не е баш таква каква што е во филмот.
За брендот за храна за мачки Sheba, спотот го режираше Guy Shelmerdin од продукциската куќа Smuggler, а според концептот кој го осмисли агенцијата AMV BBDO. Рекламата на хумористичен начин го илустрира познатото клише за односот помеѓу мачките и сопствениците, каде што мачката е таа која ја има целата контрола, а „отпорот е залуден“ кога мачката ќе го “вклучи“ својот вроден мачешки шарм. Рекламата се врти на ТВ каналите во Велика Британија и на Фејсбук.