Home » Во фокусот » Оваа реклама ќе ве натера да ја слушате песната “Hungry Eyes“ на потполно поинаков начин

Оваа реклама ќе ве натера да ја слушате песната “Hungry Eyes“ на потполно поинаков начин

Кога ќе ја слушнете песната „Hungry Eyes“ првата работа која паѓа на памет е љубовната сцена од филмот „Валканиот танц“, но после оваа реклама тоа би можело да се промени.

Рекламата за храна за мачки Sheba е крајно едноставна, но и прилично восхитувачка. Постои само една убава сива мачка, со хипнотизерски плави очи, која гледа во вас и и со шепата го следи ритамот на песната „Hungry Eyes“, со приказ на стиховите од песната во караоке стил. Сепак, ќе забележите дека песната не е баш таква каква што е во филмот.

За брендот за храна за мачки Sheba, спотот го режираше Guy Shelmerdin од продукциската куќа Smuggler, а според концептот кој го осмисли агенцијата AMV BBDO. Рекламата на хумористичен начин го илустрира познатото клише за односот помеѓу мачките и сопствениците, каде што мачката е таа која ја има целата контрола, а „отпорот е залуден“ кога мачката ќе го “вклучи“ својот вроден мачешки шарм. Рекламата се врти на ТВ каналите во Велика Британија и на Фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365