Дел од кампањата е и забавен излог во една продавница во Њујорк
Сите оние кои некогаш купиле играчка или гаџет на батерии за Божиќ, сигурно ја знаат онаа ноќна мора кога немате вистинските батерии во онај момент кога децата ќе ги отворат своите подароци. Duracеll си поигра со таа идеја со забавен ТВ спот, но и со еден излог во Њујорк.
Кампањата ја осмисли агенцијата Wieden + Kennedy , а темата е хаосот кој може да настане доколку се потпрете на погрешни батерии во божиќното утро. Посебно интересен е излогот кој е поставен на ротирачка платформа и претставува две сценарија за божиќното утро, со и без батерии Duracell.
Едноминутниот спот кој агенцијата Wieden + Kennedy го изработи со продукциската куќа Biscuit Filmworks оди во иста насока, и замислува што би се случило доколку Дедо Мраз не би испратил батерии Duracell со подароците, а последиците се навистина застрашувачки.