Home » Во фокусот » Што може да се случи доколку за Божиќ ги немате вистинските батерии-кампања на Duracell

Што може да се случи доколку за Божиќ ги немате вистинските батерии-кампања на Duracell

Дел од кампањата е и забавен излог во една продавница во Њујорк

Сите оние кои некогаш купиле играчка или гаџет на батерии за Божиќ, сигурно ја знаат онаа ноќна мора кога немате вистинските батерии во онај момент кога децата ќе ги отворат своите подароци. Duracеll си поигра со таа идеја со забавен ТВ спот, но и со еден излог во Њујорк.

Кампањата ја осмисли агенцијата Wieden + Kennedy , а темата е хаосот кој може да настане доколку се потпрете на погрешни батерии во божиќното утро. Посебно интересен е излогот кој е поставен на ротирачка платформа и претставува две сценарија за божиќното утро, со и без батерии Duracell.

Едноминутниот спот кој агенцијата Wieden + Kennedy го изработи со продукциската куќа Biscuit Filmworks оди во иста насока, и замислува што би се случило доколку Дедо Мраз не би испратил батерии Duracell со подароците, а последиците се навистина застрашувачки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365