По повод 40 години постоење на супер-брендот Стоби Флипс, компанијата Витаминка Прилеп во соработка со агенцијата Division, денеска го промовираше својот нов видео спот кој ја следи комуникациската платформа “Насекаде“ која стартуваше пред речиси еден месец со веќе легендарното прво лансирање на македонски бренд во вселената за кое пишувавме претходно.
Во новата реклама во која над 40 секвенци “возат“ на траката Perfect Love специјално компонирана за рекламата од страна на Огнен Атанасовски-Окац, следиме приказна во која група деца еден обичен ден го претвораат во перфектен, носејќи радост и љубов за сите со “дождот од флипсови“ кој го создаваат….
Drops of love everywhere
simple truth we all share
Everywhere you see
everywhere you go
there’ll be
simple pure act
of perfect love.