Google планира да го промени изгледот на својот популарен сервис Gmail. Новиот изглед вклучува суптилни промени, но и поединечни очигледни поголеми измени кои би можеле да привлечат нови корисници. Станува збор за промени на десктоп верзијата кои вклучуваат некои карактеристики на Gmail апликацијата за Android и iOS.
Се работи за промени на декстоп верзијата која вклучува нови опции како што се „заспивање“ на мејловите до некој посакуван момент кога ќе ги „разбудите“, кога сте подготвени да одговорите на нив. Понатаму, ќе има и опција за брзо одговарање и паметни сугестии и предлози.
Новиот дизајн ќе вклучува и нов sidebar, кој ќе овозможи полесно користење на календарот, а со тоа и подобра организација на задачите. Покрај новиот sidebar, кој ќе крие уште многу додатоци, Google ќе овозможи и три изгледи на почетниот екран.
Тие ќе се разликуваат по фокусот кој е ставен на одредени аспекти од мејловите. Едниот од нив е дизајниран во прв план да ги става прилозите во мејловите, другиот компактно ги претставува пораките, додека третиот во прв план има неинвазивно користење, односно да не се заморува корисникот.