“What Did You Expect?” стана “What Do You Expect?”
Менување на само две букви може да создаде сосема ново значење: од конечен заклучок до неизвесен крај, од очекувано намигнување до повик за истражување на неочекуваното. Ова беше основната идеја за новата кампања која за Швепс ја изработи агенцијата BETC Париз.
Со нова порака, “Што очекувате,” брендот Швепс сака да ја потврди својата уникатност и стил, како одраз на духот на двосмисленост присутен во самиот производ. Нивниот успех се должи токму на оваа двосмисленост, бренд кој продава газиран пијалок, но никогаш не е “само” газиран пијалок. Овој пат тие најдоа инспирација во приказната за Алиса во земјата на чудата, а резултатот може да се види подолу.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=NN_QZ6LV8LM
Спотот е во режија на Мајкл Грајси, исто така познат по славниот спот на Евиан “RollerBabies” (кој го држи рекордот за најгледана видео реклама на YouTube). Саунтракот на спотот е Hey Boy Hey Girl од Chemical Brothers.
Грајси го опиша новиот спот: “Сакавме да ги поместиме границите на некои обични вечери, играјќи со начинот на кој девојката и шишето се водат низ неочекувани ситуации и начините на кои сите овие сценарија може да тргнат наопаку. На пример, снимката која завршува во пералната би можела да заврши само како еден правоаголен простор во кој се вовлекувате низ машината за перење, но сакавме да му пркосиме на очекувањата – така што целиот бар се врти како машина за перење. Она што беше одлично беше е тоа што со Швепс, ништо не беше надвор од границите! Слободата на креативност која ја дадоа BETC и режисерот е она што ја дава препознатливата енергија на овај спот.“