Home » Во фокусот » Погледнете ја новата реклама на Швепс со наслов “What do you expect”

Погледнете ја новата реклама на Швепс со наслов “What do you expect”

“What Did You Expect?” стана “What Do You Expect?”

Менување на само две букви може да создаде сосема ново значење: од конечен заклучок до неизвесен крај, од очекувано намигнување до повик за истражување на неочекуваното. Ова беше основната идеја за новата кампања која за Швепс ја изработи агенцијата BETC Париз.

Со нова порака, “Што очекувате,” брендот Швепс сака да ја потврди својата уникатност и стил, како одраз на духот на двосмисленост присутен во самиот производ. Нивниот успех се должи токму на оваа двосмисленост, бренд кој продава газиран пијалок, но никогаш не е “само” газиран пијалок. Овој пат тие најдоа инспирација во приказната за Алиса во земјата на чудата, а резултатот може да се види подолу.

Спотот е во режија на Мајкл Грајси, исто така познат по славниот спот на Евиан “RollerBabies” (кој го држи рекордот за најгледана видео реклама на YouTube). Саунтракот на спотот е Hey Boy Hey Girl од Chemical Brothers.

Грајси го опиша новиот спот: “Сакавме да ги поместиме границите на некои обични вечери,  играјќи со начинот на кој девојката и шишето се водат низ неочекувани ситуации и начините на кои сите овие сценарија може да тргнат наопаку. На пример, снимката која завршува во пералната би можела да заврши само како еден правоаголен простор во кој се вовлекувате низ машината за перење, но сакавме да му пркосиме на очекувањата – така што целиот бар се врти како машина за перење. Она што беше одлично беше е тоа што со Швепс, ништо не беше надвор од границите! Слободата на креативност која ја дадоа BETC и режисерот е она што ја дава препознатливата енергија на овај спот.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365