Играта со светлина на овие билборди ги промовира најпознатите производи на брендот
Мекдоналдс имаше некои одлични кампањи на билборди во својата историја, а сега додадоа уште една кампања во тоа наследство. Овој гигант во индустријата за брза храна работи во Унгарија од 1988 година и ја одбележа својата 30-годишнината со едноставна нова кампања изработена од агенцијата DDB во Будимпешта.
Кампањата се потпира на само два билборди кои ги илустрираат најпознатите и најпрепознатливи производи на брендот со одлични визуели поставени на најпрометните улици во близина на Мекдоналдс рестораните.
Илустрациите се изработени во Gravy студио и имитираат фотографии со долга експозиција, каде светлата на автомобилите формираат визуели на хамбургери и помфрит.
“Ги промовираме овие производи во текот на целата година во Унгарија, бидејќи ова е 30-годишнината од Мекдоналдс овде (првиот ресторан е отворен во Будимпешта во 1988 година),” објасни Каролина Галац, креативен директор на DDB во Будимпешта.