Инстаграм се зајакнува и на полето на телевизијата да го поттикне својот иден раст, па минатата недела лансираше сопствена IGTV платформа
Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук, има многу причини да биде задоволен откако неговата вредност е проценета на повеќе од 100 милијарди долари, поради очекувањата дека оваа апликација ќе ја надмине бројката од две милијарди корисници во следните две години.
Страницата за споделување на фотографии рапидно расте, а претходно овој месец ја премина психолошки значајната пресвртница од една милијарда активни корисници. Инстаграм моментално привлекува нови членови побрзо од самиот Фејсбук, особено во САД, каде што Фејсбук стагнира.
Се очекува дека приходите од Инстаграм следната година да ја надминат бројката од 10 милијарди долари, што значи дека оваа платформа ќе донесува околу 16% од вкупните приходи на Фејсбук, во споредба со 10,6% колку што изнесуваше нејзиниот удел минатата година, според податоците собрани од страна на eMarketer.
Голем дел од овие приходи се уште доаѓа од реклами во news feed -от, но Инстаграм се зајакнува и на полето на телевизијата да го поттикне својот иден раст, па минатата недела лансираше сопствена IGTV платформа.