Замислете книга само со празни бели страници, се’ додека не ја на направите со кал и ви открие слатка детска приказна.
Брендот детергенти за перење Omo (во други земји познат и како Persil) на компанијата Unilever, заедно со агенцијата Ogilvy од Јужна Африка, го направија токму тоа, како дополнение на кампањата “Dirt is Good”.
Идејата е да се натераат децата да се тргнат од таблетите и другите екрани и да си играат надвор – поттикнувајќи ги буквално да си ги извалкаат рацете.
Omo и Ogilvy се обратиле на уметникот Karabo Poppy за помош во создавањето на приказната насловена како „Приказна за точките и линиите“, во која се раскажува за едно мало леопардче и едно тигарче кои се одлучни да станат пријатели и покрај нивните површни разлики и негодувањето на нивните мајки. Но, откако двете другарчиња ќе се истркалаат во калта, нивните мајки веќе не може да ги разликуваат.
Приказната е замислена и како метафора во борбата против расизмот, чија тежина од времето на апартјехдот се’ уште се чувствува во Јужна Африка.
Специјалната боја за книгата е дело на печатарска компанија Colourtone Aries од Кејп Таун.
Omo веќе успеа да ја внесе книгата во некои училишта и соопшти дека ќе лобира до јужноафриканската влада таа да стане дел од наставниот план ширум земјата.