Home » Во фокусот » Потикнувајќи ги децата да си играат надвор, оваа книга може да се чита само откако ќе се направи со кал

Потикнувајќи ги децата да си играат надвор, оваа книга може да се чита само откако ќе се направи со кал

Замислете книга само со празни бели страници, се’ додека не ја на направите со кал и ви открие слатка детска приказна.

Брендот детергенти за перење Omo (во други земји познат и како Persil) на компанијата Unilever, заедно со агенцијата Ogilvy од Јужна Африка, го направија токму тоа, како дополнение на кампањата “Dirt is Good”.

Идејата е да се натераат децата да се тргнат од таблетите и другите екрани и да си играат надвор – поттикнувајќи ги буквално да си ги извалкаат рацете.

Omo и Ogilvy се обратиле на уметникот Karabo Poppy за помош во создавањето на приказната насловена како „Приказна за точките и линиите“, во која се раскажува за едно мало леопардче и едно тигарче кои се одлучни да станат пријатели и покрај нивните површни разлики и негодувањето на нивните мајки. Но, откако двете другарчиња ќе се истркалаат во калта, нивните мајки веќе не може да ги разликуваат.

Приказната е замислена и како метафора во борбата против расизмот, чија тежина од времето на апартјехдот се’ уште се чувствува во Јужна Африка.

Специјалната боја за книгата е дело на печатарска компанија Colourtone Aries од Кејп Таун.

Omo веќе успеа да ја внесе книгата во некои училишта и соопшти дека ќе лобира до јужноафриканската влада таа да стане дел од наставниот план ширум земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365