Социјалниот феномен што многумина во светот ги направи богати само затоа што објавуваат фотографии, видеа и постови на социјалните мрежи, според еден од најпознатите инфлуенсери, е на својот крај

Еден од најголемите нфлуенсери на Инстаграм, Fat Jewish, е убеден дека се приближува крајот на неговата (но и сите останати) инфлуенсерска кариера. Овај Американец успеа да собере повеќе од 10 милиони следбеници на Инстаграм благодарение на неговите смешни, но и провокативни објави. Но, иако е сеуште “на врвот на славата”, свесен е дека тоа не може да трае долго.
Социјалниот феномен што многумина во светот ги направи богати само затоа што објавуваат фотографии, видеа и постови на социјалните мрежи, според него, е на својот крај.
“Секој сака да биде инфлуенсер. Никој не сака да работи“, вели Fat Jewish (вистинско име му е Џош Островски) во разговор за CNNMoney, и додава: “Мислам дека луѓето треба да научат како да создадат нешто од нула. Тоа ќе ве доведе подалеку одколку интернетот“.
Можеби ова е само негово лично мислење, но можеби тој навистина знае нешто што остатокот од инфлуенсерите сè уште не го знаат.
Островски, во соработка со пријателите, ја основа компанијата Swish, која произведува вина со интересни имиња со цел “повторно да измислат некое вино и да го направат забавно”. Така можете да пробате “White Girl Rose“ или “Family Time Is Hard“.

“На луѓето им е смачено од социјалните медиуми. Колку пати можам да ја погледнам фотографијата од вашето дете или зајдисонцето над Лос Анџелес? Затоа сакаме да им дадеме на луѓето вистински работи, а тоа е една од причините зошто се свртев кон производство на вино“, додава Островски.
Тој е убеден дека во еден момент ќе дојде до заситување на пазарот, бидејќи едноставно ќе се појават премногу инфлуенсери, а тоа ќе резултира со пад на нивната вредност.
Иако во светот не постојат многу мега-инфлуенсери кои може да се пофалат со милионски следбеници, тоа не значи дека инфлуенсерите се целосно отпишани.
Брендови го свртеа своето внимание кон микро-инфлуенсерите, поединци кои имаат до 250.000 следбеници, бидејќи тоа им овозможува да ја прилагодат промотивната порака до точно одредена публика.
Впрочем, со толку многу различни социјални мрежи (и нови кои се појавуваат), секогаш ќе има потреба од некој кој ќе го промовира брендот на своите следбеници, пријатели или едноставно обожаватели. Само во иднина, можеби нема да се нарекуваат инфлуенсери.