Најк им одговори прилично остро на организаторите на Ролан Гарос, отвореното првенство во Франција, откако претседателот на Француската тениска федерација објави дека би можел да и забрани на американската тенисерка Серена Вилијамс да го носи својот црн костим за време на турнирот.
“Можете да и` го одземете на супер хероината нејзиниот костим, но никогаш не можете да и ги одземете нејзините супер-моќи”, објави Најк на Твитер.
Вилијамс, која е бренд амбасадор на Најк, оваа година носеше специјално дизајниран костим на натпреварот. Таа го носеше специјалниот костум од медицински причини, за да помогне во спречувањето на згрутчување на крвта.
You can take the superhero out of her costume, but you can never take away her superpowers. #justdoit pic.twitter.com/dDB6D9nzaD
— Nike (@Nike) August 25, 2018
Облеката беше дизајнирана пред да биде реализиран хит-филмот “Црн Пантер”, но таа во мај изјави дека облеката ја потсетила на филмот.
“Јас секогаш живеам во фантастичен свет”, вели таа. “Отсекогаш сакав да бидам суперхерој и тоа е еден вид мојот начин да се биде суперхерој”.
Сепак, во едно неодамнешно интервју, претседателот на француската тениска федерација, Бернард Џудичели, изјави дека ова одело покажува непочитување на натпреварот.
“Ќе побараме од производителите да ни покажат што доаѓа, бидејќи верувам дека во некои случаи отидовме предалеку”, рече Џудичели. “Облеката на Серена оваа година, на пример, повеќе нема да биде прифатлива. Мора да ги почитувате играта и турнирот.”