Доследни на својата репутација на глобален лидер во полето на иновативната дијагностика и терапија, тимот на Рош Македонија во чекор со светските трендови, овозможува и во Македонија да бидат достапни нови тераписки решенија со кои се дава можност за подобрување на исходот од третманот и квалитетот на живот на пациентите.
За таа цел на 3. октомври 2018 во Скопје беше одржан промотивниот настан насловен „Рош како лидер во иновативниот третман на АЛК+ не-ситноклеточен карцином на бели дробови – ALECENSA® и АLK тестирање„.
ALECENSA® како монотерапија е индициран како прволиниски третман за лекување на возрасни пациенти со позитивен анапластичен лимфом киназа (ALK) напреднат не-ситноклеточен белодробен карцином (НСКБК).
ALECENSA® како монотерапија е индициран и за третман на возрасни пациенти со ALK позитивен напреднат НСКБК кои претходно биле лекувани со crizotinib.
,,ВОН ГРАНИЦИТЕ”,,НАД ОЧЕКУВАЊАТА”
Денес постои нова надеж за пациентите со ALK+ НСКБК.
ALECENSA® како монотерапија е индициран како прволиниски третман за лекување на возрасни пациенти со ALK+ напреднат НСКБК.
ALECENSA® e лек на фармацетската компанија „Рош“. ALECENSA® е високо селективен ЦНС активен орален лек создаден во лабораториите за истражувања во Chugai Kamakura. Наменет е за пациенти со НСКБК чии тумори се идентификувани како АЛК+. ALK+ НСКБК често се среќава кај помлади луѓе кои имаат лесна или непушачка историја. ALK мутацијата скоро секогаш се дијагностицира кај луѓе со специфичен тип на НСКБК наречен аденокарцином.
ALECENSA®е ефикасен и едноставен за употреба-терапија, бидејќи лекот се администрира перорално.
Лекот ALECENSA® има поволен однос помеѓу бенефитот и ризикот за пациентите.
На 3. октомври 2018 год. во Скопје, фармацетската компанија „Рош“ го промовираше пред стручната јавност новиот лек ALECENSA® (alectinib) наменет за лекување на возрасни пациенти со ALK напреднат НСКБК. На овој настан, стручни предавања одржаа:
- Академик проф.д-р Мирослав Самаржија, КБЦ Загреб, Хрватска;
- Спец.д-р Никола Васев, директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје;
- Проф. Д-р Снежана Смичкоска, Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија –Скопје,Медицински факултет-Скопје;
- д-р Уве Шалес, Рош Дијагностика.
Настанот го отвори д-р Александра Ивановска, директор на Рош Македонија.
Нашиот придонес кон предизвикот за подигнување и подобрување на здравството во светски рамки секогаш е насочен кон истражување и развој на нови лекови и дијагностички тестови, со цел да обезбедиме подобар третман на пациентите.
Денешното претставување на лекот ALECENSA® (alectinib) пред стручната јавност во Македонија претставува значаен напредок во лекувањето и почеток на нова ера за пациентите со ALK + НСКБК – ALECENSA® и ALK тестирање во Република Македонија.
Со ова Македонија се вбројува во групата на повеќе од 45 земји во кои ALECENSA® (alectinib) е одобрен како прволиниски третман за пациенти со ALK+, метастатски НСКБК. Во оваа група спаѓаат меѓу другите и САД, многу земји од Европа, Јапонија, Турција, Србија, Јужна Кореја и Сингапур.
Лекот е одобрен во Република Македонија во септември 2018 година од страна на Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД. Ние сме силно посветени, партнерски да соработуваме со Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија –Скопје, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, како и сите други релевантни институции, во обезбедување на фармакоекономски модел и ценовна флексибилност како би овозможиле достапност на лекот за сите лица кои ќе имаат корист од ALECENSA® (alectinib).
Како општествено одговорна компанија, посветени сме да ги подобриме условите и третманското искуство на лицата со белодробен карцином.
комерцијален текст