Инстаграм додаде функција против вознемирување, користејќи вештачка интелигенција за скенирање на фотографиите со цел да идентификува евентуално проблематични содржини. Оваа функција автоматски ги препознава елементите на вознемирување и известува за содржините. Потоа вработените во Инстаграм разгледуваат дали фотографијата ќе остане или ќе биде отстранета.
Примената на функцијата постепено ќе биде распоредена во текот на наредните недели на целокупниот систем на Инстаграм.
На овај начин Инстаграм настојува да биде уште попривлечна платформа за огласување.