Агенцијата одлучи да замисли каква би била историјата на светот кога во некои преломни моменти би постоеле паметните телефони
Каде и да се свртиме денес, можеме да најдеме вести и истражувања за негативните влијанија на мобилните телефони врз нашите животи, но и врз човештвото како целина.
Телекомуникациската компанија Three од Велика Британија, од друга страна, смета дека авторите на овие статии и истражувања се “хејтери”, па во новата кампања “Phones are Good“, одлучи да докаже дека телефоните се добри. Во новата реклама, агенцијата Wieden + Kennedy Лондон не` потсетува на некои историски настани, со цел на хумористичен начин да покаже како работите би биле поинакви доколку во тоа време имало паметни телефони.
Дали Титаник би потонал? Дали Ева би го пробала забранетото јаболко? Погледнете во рекламата подолу:
извор: Media Marketing