Со даноците, предложени од страна на германскиот министер за финансии, се намалува можноста за меѓународните корпорации да ја пренесат добивката во даночните оази и да платат занемарливо мал данок
Германскиот министер за финансии Олаф Шолц, во својот текст, напишан за Welt am Sonntag, допре до големите меѓународни технолошки корпорации, како што се Apple, Google и Amazon и нивните навики за избегнување на плаќање даноци. Шолц им забележа на големите дигитални компании за пренесувањето на добивката во даночните оази и плаќањето на премногу мал износ на данок во однос на приходите и профитот.
Според него, кон овај проблем треба за се постапи глобално, а во тоа го поддржуваат и колегите од Франција. Идејата е во целиот свет да се воведе т.н. минимална стапка на данок на добивка, под која ниту една држава не би смеела да го намали својот данок. Таквата практика, имаше на пример Ирска, па Епл поради пренос на добивката во оваа земја и плаќање на многу мал износ на данок, беше драстично казнет.
Со новиот глобален данок, би се намалила атрактивноста на различни даночни оази, а оние кои ги користат (често “дигиталните гиганти “ на технолошката индустрија), нема да бидат во можност да ја преместуваат својата добивка во оние земји кои од даночнен аспект се најповолни.
Ова ќе реши еден голем светски проблем на оданочување кој се појави со појавата на глобализацијата и на интернет работењето, вели Шолц и им препорачува на земјите од целиот свет и ЕУ, заеднички да развијат нови предлози на закони и да воведат минимална даночна стапка.