Агенцијата Публицис, за својата канцеларија во Скопје, објавува оглас за две отворени работни позиции:
- Media Planner &
- Digital Media Executive
Media Planner
Квалификации кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:
- Одлични аналитички, презентациски и преговарачки вештини
- Познавање на медиумскиот пазар, рекламните канали и трендовите во огласувањето
- Напредно познавање на англиски јазик
- Напредно користење на MS Office пакетот (Excel и Power Point)
Работните одговорности и задачи вклучуваат:
- Изработка на стратегии, медиа планови и закуп на рекламен простор
- Мониторинг и оптимизација на медиските кампањи
- Анализа на резултатите од кампањите и изработка на извештаи за клиентите
- Градење на партнерски односи со клиентите и медиумите
- Презентации на клиентите и учество на тендери
Digital Media Executive
Квалификации кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:
- Минимум 2 години работно искуство поврзано со огласување на дигиталните медиуми
- Одлично познавање на дигиталните медиуми, рекламни формати и следење на трендовите во дигиталниот маркетинг
- Солидно познавање и искуство со работа на платформите Google Ads и Facebook Business Manager
- Напредно познавање на англиски јазик
- Напредно познавање на MS Office пакетот (Excel и Power Point)
Работните одговорности и задачи вклучуваат:
- Развој на стратегии, медиа планови и закуп на рекламен простор на дигитални медиуми
- Менаџирање на кампањите на дигитални платформи (Ad Server, Google Ads, Facebook Business Manager и др.)
- Мониторинг и оптимизација на дигиталните медиски кампањи
- Анализа на резултатите од кампањите и известување на клиентите
- Градење на партнерски односи со клиентите и медиумите
- Координација со другите тимови од агенцијата
Доколку ги исполнувате критериумите, сакате да го проширите своето знаење и да бидете дел од тимот на Публицис Скопје, испратете го Вашето CV на jobs@publicis.com.mk, најдоцна до 05.11.2018.
Во насловот на Вашиот e-mail задолжително внесете ја позицијата за која аплицирате.