Apple се приклучи на низата брендови кои неодамна ги претставија своите анимирани кампањи за оваа божиќна сезона, односно го претстави својот шармантен анимиран спот во stop-motion анимација, која се занимава со темите на креативност и споделување.
“Сподели ги твоите подароци” е интегрирана кампања создадена од страна на агенцијата TBWA\Media Arts Lab, а анимацијата е направена од Buck Productions. Овај видео спот е основен елемент на новата кампања, а ја следи Софија, девојка која го крие својот дар на креативност од сите, се` додека не сфати дека нејзиниата креативност им носи радост на другите. Додека ја гледаме како го живее својот живот, има повеќе индикатори како нејзиниот внатрешен уметник кој излегува од неа; таа прави лица во тестото на работа во пекарницата и скици со прст на пареата од прозорецот во автобусот. Но, секогаш кога мисли дека некој ја гледа, таа се крие.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=3dJCroCMBPM
Видеото е направено со комбинација на компјутерски и рачно изработени ликови, давајќи им шармантен и невообичаен стил, додека музичката позадина е оригиналната песна “Come Out and Play“, напишана и испеана од 16-годишната Били Ејлиш, користејќи го само нејзиниот Mac.
Подолу погледнете го и видеото од процесот на снимање на рекламата:
https://www.youtube.com/watch?v=ab3mZateax4