Дури 24 вработени во Амазон од складиштето во Њу Џерси биле хоспитализирани по инцидент во кој робот, кој инаку им помага во складиштето “полудел” и почнал да ги прска со средство за заштита од мечки, а еден работник е во критична состојба.
Сè трганло наопаку кога роботот дошол до кантата во која било средството и неговите 55 колеги го изложил на капсаицин, состојката која се наоѓа во солзавецот.
Триесет вработени добија помош на самото место, а 24 беа распоредени во пет околни болници каде што биле задржани заради “проценка и третман”, објавија од Амазон. Исто така, компанијата уверува дека хоспитализираните работници ќе бидат пуштени од болница во наредните 24 часа.