M365: Каква година беше 2018 за вашиот медиум? Што е она по што ќе ја паметите?
Изминатава година тимот на Фактор ке ја памети како година полна со важни настани и предзивици, на која тимски одговоривме на ниво на задача и поставени цели. Во основа ја исполнивме нашата стратегија, го проширивме тимот и се преселивме во нови канцеларии. Отвориме уште еден портал каде главен фокус се тинејџерите хаштаг.мк, и практично ја заокруживме целината на нашите сегментирани публики, покрај женскимагазин.мк каде фокус е женската публика и секако стожерот фактор.мк каде главен фокус е бизнис заедницата.
Нескромно ке кажам дека сеуште доминираме по авторски контент во доменот на бизнис темите кои ги опфаќаме, додека за жал читателската публика е водена од дневни политички настани. Меѓутоа за се треба време и сугурен сум на крај дека содржината ќе биде примарен фактор при анализа и доверба на читателите.
M365: Како гледате на симбиозата помеѓу ПР и маркетинг агенциите и медиумите во Македонија?
Ова е клучно прашање каде би искоментирал дека секој тука си ја тера водата на својата воденица. Во принцип медиумите се трудат и треба да бидат независни и објективни, додека ПР агенциите секогаш ја имаат предвид сверата на интерес на нивните клиенти. И тука доаѓа до благ судир на интерес. Од друга страна сите креираме и твориме на мал пазар каде секој клиент е важен и значаен, па улогата на сите три актери несомнено на крај доведува до соработка и успешна претстава. Во 2019та предвидувам уште подобра соработка, тргнувајќи од фактот дека порталите станаа клучна алатка при покривање на врската помеѓу клиентите и пр и маркетинг агенциите .
M365: Која пракса на ПР професионалците ја почитувате најмногу, а која пракса Ви смета најмногу?
Мал дел од ова прашање го зачнав во претходното. Тука наидуваме на различни интересии кои по некогаш водат и до судир на интерес , што е нормално во бизнисот. Праксата на објективно решавање на определени цели, со тренспарентност и стручност, ја почитувам, меѓутоа инсистирањето по секоја цена на пр агенциите водејќи се од сопствениот интерес да прикажат определена ситуација или настан имајќи ја во предвид нивната зацртана цел не ми се допаѓа воопшто, и можам да кажам дека такви ситуации во медиумите кои јас ги раководам се трудам да бидат минимални. Добрата работа е што пр агенциите сватија, а тоа ке биде уште поголемо во иднина дека без соработка и делење на нивните буџети со порталите кои се главни медиуми од аспект на брзина и ширење на информациите едноставно води кон губење на нивните клиенти.
M365: Какви се Вашите желби за годината што претстои, а се поврзани со медиумската индустрија?
Регулација на медиуската индустрија се наметнува како импрaтив. Порталството е исклучително тешка професија која не познава одмор или неработни денови. Трката по посети и релевантност не запира ниту за празници и викенди. Се надевам дека во 2019-та ке добиеме официјален мерач и ке се знае кој е и колку вреди помеѓу порталите, низ призма на бројки и релевантност. Едноставно официјалното мерење е condition sine qua non, со што неминовно ке дојде до трансферирање на буџетите на странските клиенти кон домашните портали и огласувачи. Нашата визија е да се оформи еден квалитетен агрегатор на вести со исклучива селекција на квалитетен авторски контент.