ОГЛАС ЗА МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР
за брендовите: Martini, Grey Goose, Bacardi, Bombay Sapphire, Dewar’s & Eristoff
Квалификации:
- Универзитетско образование (Економија, Бизнис администрација или Маркетинг)
- Најмалку 3 години работно искуство на иста или слична позиција
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office
- Искреност, отвореност, однесување со почит, насоченост кон постигнување на исклучителни резултати, тимски играч, лојалност, склоност кон учење и отвореност кон нови искуства и знаење
Одговорности:
- Развива, приспособува и имплементира маркетинг стратегија за брендот
- Развива, спроведува и врши мониторинг на реализацијата на маркетинг концептите за референтниот бренд
- Раководење со развојот на промотивни концепти во соработка со надворешните агенции и соодветните сектори (продажба, трејд маркетинг, набавка, финансии)
- Управување и координирање на работата на агенциите и превземање соодветни мерки и активности во координација со претпоставениот, со цел подобрување на перформансите
- Координација и управување на работата на агенциите со цел добивање на соодветни креативни, комуникациски и медиумски стратегии во согласност со одобрената стратегија и планови за брендот
- Планирање и следење на буџетот, договарање и реализација на соодветни корекции во случај на отстапувања
- Управување со активностите на социјалните мрежи;
- Управување со електронскии печатени маркетинг медиуми.
Сите заинтересирани кандидати својата Професионална Биографија можат да ја испратат на следната e-mail адреса: hr@altea-mm.com, со ЗАДОЛЖИТЕЛНА назнака на апликацијата „за оглас за Маркетинг Менаџер“.
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!