Реномираниот магазин AdAge ги откри најголемите промашувања кои ги направија брендовите оваа година.
За крајот на годината, реномираниот американски магазин AdAge се осврна на годината што изминува и ги откри најголемите промашувања направени од брендовите оваа година, како еден вид предупредување за следната година. Како што забележува магазинот, многу брендови сѐ уште не го совладале наједноставното правило на маркетингот: “Не ги лутете луѓето“.
Погледнете кои се најголемите грешки на брендовите за оваа година:
1.Гафот на H&M Gaff со дуксерот
Овој ланец продавници за облека објави реклама со црно момче во дуксер на кој пишува “најкул мајмун во џунглата”. Многумина го осудија овај бренд за расизам, а H&M се соочи дури и со затворање на продавниците поради протести и безбедносни проблеми за детето кое беше модел во кампањата.
2.Гафот на брендот Revolve
Блузонот со натпис “да се биде дебел не е убаво, тоа е само изговор” исто така предизвика врева. Овој производ од соработката помеѓу брендот LPA и голем број познати личности, вклучувајќи ја и Лена Данхам, беше продаван во продавниците на брендот Revolve, но набрзо беше повлечен.
3.Проблемите на Амазон со веб страницата
Веб-страницата на овој гигант за е-трговија имаше технички проблеми само неколку минути откако започна нивниот 36-часовен Prime Day. Сепак, повеќе од 100 милиони производи се продадени на овај измислен празник. .
4.Целосно промашување на Victoria’s Secret со ЛГБТК популацијата
Главниот маркетинг директор на компанијата, Ед Разек изјави дека трансродовите и плус-модели не треба да учествуваат на нивните модни ревии. Кратко потоа, овој бренд, кој и онака има проблеми во своето работење, објави ненадејно заминување на извршниот директор Јан Сингер.
5.Редизајнот на Snapchat
Редизајнирањето на оваа социјална платформа беше толку лошо прифатено што корисниците напишаа петиција за враќање на стариот дизајн. Компанијата соопшти дека само поради оваа катастрофа загубила 2 проценти од своите корисници. Дури и Кајли Џенер ја критикуваше апликацијата.
6.Промашениот слоган на Хајнекен
Хајнекен го лансираше слоганот “Sometimes lighter is better” со цел да го промовира своето светло пиво. Многумина ја искритикуваа рекламата како расистичка, а најгласен во негативните реакции беше познатиот пејач Chance the Rapper, кој има повеќе од 7 милиони следбеници на Твитер. Хајнекен призна дека овој слоган бил “промашување”.
7.Грешката на Mastercard со донирани оброци
Потрошувачите се пожалија дека хуманитарната иницијатива на оваа компанија поврзана со Светското првенство во фудбал, е пренасилена. Имено, брендот најави дека во соработка со Светската програма за храна на ООН ќе донира 10.000 оброци секој пат кога еден од нивните амбасадори Лионел Меси или Нејмар ќе даде гол. Јавноста го повика Мастеркард едноставно да ги донира оброците. Кампањата беше наскоро откажана.
8.Гафот на Мериот во Кина и хакирање на податоците
Мериот ги ризикуваше своите планови за проширување во Кина кога ги наведе “Тибет, Хонг Конг, Макао и Тајван” како земји во анкетата на потрошувачите, иако Кина тврди дека има суверенитет над сите четири територии. Кинеските власти ја затвориле веб-страницата на Мериот во Кина и апликацијата на седум дена. Покрај тоа, Мариот претрпе едно од најголемите хакирање на податоци во историјата, во кое беа погодени 500 милиони нивни корисници. Сега тие се соочуваат со колективна тужба.
9.Расистичката реклама на Dolce & Gabbanа
Серијата реклами кои покажуваат кинеска жена која се мачи да јаде италијанска храна, предизвика лутина кај потрошувачите во Кина и обвинувања за расизам (а треба да се каже дека ова не е прв пат). Модниот бренд Dolce & Gabbana после тоа го откажа своето модно шоу во Шангај.
10.Милиони грешки на Фејсбук
Гигантот на социјалните медиуми имаше премногу промашувања за да се наведе само едно, па AdAge направи посебна листа само за оваа компанија.