На листата на говорници се експерти од агенциите Dentsu Webchutney, VANDAL, The Royals, The Brand Agency McCann Worldgroup и Contagious
ADFEST ги претстави своите први говорници за овогодишното издание на фестивалот, а меѓу нив се еминентни креативци од агенциите Dentsu Webchutney (Гургаон), VANDAL (Сиднеј), The Royals (Сиднеј), The Brand Agency (Перт), McCann Worldgroup (Њујорк) и Contagious (Лондон).
ADFEST 2019 се одржува во Патаја, Тајланд, а програмата е поделена на два дела: Craft@ADFEST кој на 20 и 21 март длабоко ќе нурне во најновите трендови од областа на продукцијата, дизајнот, содржината и технологиите, додека Creative@ADFEST на 22 и 23 март ќе се осврне на креативноста која претставува ДНК на овај фестивал.
Програмата Craft@ADFEST ќе вклучува предавања, како што е ‘Ideas. Patterns & A.I.’ во кое Vishal Sagar, креативен директор и Gurbaksh Singh, главен креативен технолог во Dentsu Webchutney ќе зборуваат за иднината и новата ера на вештачката интелигенција; предавање наречено ‘Augmented Reality is the Future of Advertising’ ќе одржи Emile Rademeyer, дигитален стратег и креативен директор во VANDAL, која ќе објасни зошто зголемената реалност не е само најнов хир, туку и иднина на огласувањето.
Во програмата Creative@ADFEST моментално има повеќе најавени говорници, а на листата се: Nick Cummins, креативен партнер на агенцијата The Royals, кој ќе одржи предавање на тема ‘Why the world needs more agencies and how to start one’; Marcus Tesoriero, извршен креативен директор во The Brand Agency, ќе одржи предавање на тема ‘The New Era of Creative Problem Solving’; Elav Horwitz, потпретседател и глобален директор за иновации во McCann Worldgroup ќе одржи интересно предавање насловено како ‘The Chicken, the Egg, or in today’s tech world, does the Omelette come first?’; а Paul Kemp-Robertson, коосновач на агенцијата Contagious, ќе зборува за тоа зошто рецептот за успех е да се биде храбар во огласувањето во неговото предавање “Fortune Favors the Brave”.
Доколку сакате да дознаете повеќе за фестивалот, посетете ја страната www.ADFEST.com