Останува помалку од месец до почетокот на најголемиот регионален настан посветен на телевизиската индустрија во регионот на Централна и Источна Европа, кој ќе се одржи седма година по ред во Дубровник од 10 до 13 јуни. New Europe Market 2019 ќе понуди интересни гости, панел дискусии, предавачи, модератори и секако незибежните презентации и студии на случај.
NEM веќе со години, преку презентации и студии на случај, не само што ги запознава посетителите со новитетите во телевизиската индустрија, туку и ги инспирира со приказни за почетоците на најголемите компании во индустријата. NEM израдува многумина кои ја имаа можноста да учествуваат и да ги слушнат најрелевантните луѓе во бизнисот.
Оваа година, NEM уште еднаш ги собира најсилните компании од телевизиската индустрија, а некои од позвучните имиња секако се Sony Pictures Entertainment, Eutelsat, JW player, Viacom International media Networks, AMC Networks International, Global Agency, Bitmovin, NBC Universal, Viasat World, all3media international, Warner Bros и многу други.
Студија на случај од all3media international, “Scripted formats – make the story your own”
All3media international ќе зборува за успешниот тренд на исценираните формати, а сериите Step Dave, Liar, Innocent и Diary of an Uber Driver ќе послужат како пример. На панелот ќе можете да ја слушнете приказната за еден италијански филмски продуцент чија најнова ТВ драма е базирана врз британско сценарио и како една германска компанија соработува со британски дистрибутер. Современиот свет на телевизиски серии ја слави интелектуалната сопственост која патува и локалниот продукциски талент кој ги прави релевантни. Стефан Дрискол, извршен потпретседател за Европа, Блискиот Исток и Африка и за европски ко-продукции ќе ја презентира оваа студија на случај на 12 јуни.
ITV Studios Global Entertainment ексклузива: Напреден поглед кон три од најочекуваните премиери до крајот на годината
Посетителите на NEM ќе имаат можност да ја гледаат презентацијата на ITV Studios Global Entertainment на 11 јуни.
Од возбудливи трилери и обожавани драми до актуелна забава и меморабилни документарци, ITV Studios Global Entertainment (ITVS GE) се познати по тоа што го нудат најдоброто во бренд-дефинирачкиот „прајм-тајм“ до својата интернационална публика.
Грег Џонсон и Џенифер Ебел, директори за продажба во ITVS GE, ќе презентираат што може да очекуваме до крајот на годината, откривајќи три возбудливи наслови: телевизиска адаптација на серијата „бест-селер“ романи Noughts + Crosses на Малори Блекман, провокативната вистинска крими-драма A Confession и невообичаениот документарец Judi Dench’s Borneo Adventure.
Епски амбиции: студија на случај за „Epic Drama“ на Viasat World
Во само 18 месеци, интернационалната медиска компанија Viasat World му пркосеше на „ветровите“ на трансформативниот медиски пејсаж и го лансираше Epic Drama – еден од најбрзо растечките и исклучително успешни телевизиски канали во Европа. Каналот е достапен на 16 телевизиски пазари во Централна и Источна Европа со преку 60 оператори кои го нудат каналот и видео-платформа со претплата која има преку 10 милиони претплатници. Ема Џонс, потпретседател за комерцијални односи во Viasat World, на 11 јуни ќе образложи како сето тоа беше постигнато и како сега, повеќе од било кога, постои простор за агрегаторите да станат „херојски“ брендови во свет преполн со разни медиски содржини.
Презентација на JW Player, „Make every play count: Taking back control of your video strategy“
Живеејќи во економија на вниманието, сé поважно за медиските компании е да ги искористат технологиите да работат за нив, а не за алгоритмите. Алекс Вигебо, Senior Account Executive во JW Player, на 12 јуни ќе дискутира за различните начини на кои медиските компании можат да ја вратат контролата врз своите видео стратегии.
Пореку инспиративни панели, светски познати говорници од медиската индустрија, проекции и продуктивно дружење, од NEM гарантираат одлични искуства и реални можности за вашата бизнис приказна. Вреди да се повтори дека на овогодинешното седмо издание на NEM ќе присуствуваат и холивудските ѕвезди Џесика Алба, Габриел Јунион и Алан Каминг, кои ќе ги претстават свите најнови проекти.
Целосната програма на настанот може да се види на следниот линк, а за сите новости поврзани со NEM можете да ги следите официјалните профили на социјалните мрежи Facebook, Twitter, Instagram и LinkedIn.