На 1 јули пред 40 години се појави Walkman кој стана синоним на генерациите кои израснаа во 80-тите години. Комапнијата Sony на пазарот на 1 јули 1979 година го пушти првиот преносен плеер за музички касети „Sony Walkman“. Ставаш касета и слушалки со сунѓер на глава, изгледаш модерно и уживаш во музиката.
Уште од почетокот, Walkman стана омилен гаџет кој на многумина им овозможи лесно да уживаат во висококвалитетна музика било кога и било каде. Кога се појави првиот модел TPS-L2 од првата генерација на Walkman лични стерео уреди, имаше многумина кои тврдеа дека уредот нема да се продава без функција за снимање.
Но, Walkman постигна огромен успех, влијаејќи на појавата на нови животни стилови кои станаа популарни во целиот свет, а музиката на секој чекор стана наш секојдневен живот. Овој уред ја преживеа и ерата на познатите CD-a, но продажбата започна да се намалува на почетокот на новиот милениум, кога почнаа да се појавуваат уреди од новото време.
Нема сомнеж дека вокменот во историјата ќе биде запаметен како еден од најпопуларните и најсаканите парчиња електроника било кога.