(РЕГИОН) – Фестивалот за адвертајзинг под назив “FONklame” во организација на Центарот за развој на кариера од Факултетот за организациони науки, ќе се одржи по седми пат . На овај фестивал се среќаваат студентите од Белградскиот универзитет, кои во оваа прилика ќе имаат можност да научат нешто ново, да бидат креативни, како и да покажат хуманост преку поддршка на некои од хуманитарните акции .
Секоја година најголем интерес предизвикува натпреварувачкиот дел од програмата. Така, и оваа година натпреварувачите ја поминаа менторската работа со претставниците на рекламните агенции, “Меккен Белград” и “Маркетинг онлајн“.
По завршувањето на едукативниот дел од програмата, врз основа на студии на случај со реални проблеми од работењето, натпреварувачите се поделија во неколку тимови. Задачата била да смислат креативна кампања за брендот “Lav Twist ” на компанијата “Carlsberg “. Од агенцијата ” Меккен Белград ” во работилниците учествувале Катарина Прибичевиќ , директор за стратешко планирање , која на студентите им ја презентираше задачата, Милена Квапил , креативен директор , која одржа предавање на тема ” креативни алатки ” и Владимир Ќосиќ , креативен директор, кој се приклучи во фазата на евалуација на решенија.
“На работилницата учествуваа околу 20 студенти , кои поделени во шест групи решаваа креативни задачи на самото место“, истакана Милена Квапил, креативен директор на “Меккен Белград” и додава: “По јавната презентација и евалуација на идеи, натпреварувачите добија задача во рок од 48 часа да ги изработат кампањите и да ги достават во писмена форма. “
Врз основа на квалитетот на презентацијата ќе биде избран победничкиот тим, на чии членови ќе им биде овозможена пракса во една од водечките агенции на пазарот, “Меккен Белград”.
Владимир Ќосиќ, креативниот директор на агенцијата” Меккен Белград”, кој ги оценуваше трудовите истакна дека студентите со голем ентузијазам и интерес пристапиле во решавањето на задачите и додава: ” Ми се чини дека тие беа малку изненадени од нетипичните услови (кои се многу различни од строго академските услови ) , во кои, од нив се очекува несекојдневно, па дури и малку екстремно креативно размислување, но тие на тој предизвик одговорија многу позитивно и тоа им даде поттик за нов, покреативен начин на размислување за адвертајзинг и маркетинг. Очекувам добри решенија и верувам дека во нашата агенција наскоро на пракса ќе дојдат млади, вредни и амбициозни луѓе кои навистина сакаат да учат и професионално да се развиваат. “
Покрај натпреварувачкиот дел, посетителите на “FONklame” ќе имаат можност да се запознаат и со најновите тенденции во областа на маркетинг и рекламирање, низ интерактивни предавања од водечките креативни стручњаци Владимир Ќосиќ (Меккен Белград), Драгољуб Љубичиќ-Мик (ТИМ ТАЛЕНТИ), Иван Билд (Маркетинг онлајн), Ли Станковиќ (Communis DDB) и Синиша Вејновиќ (Ерсте банка).
“FONklame” веќе седма година по ред, има хуманитарен карактер и сите приходи од донации и влезници, се наменети за хуманитарната акција “Победа за децата од прифатилиштата”.