Здружението на пиварници во рамки на Европската Унија(ЕУ) со потпис на Меморандум се обврза дека од 2022 година, на амбалажата на пивата ќе бидат наведени сите состојки и нивната енергетска вредност.
Оваа акција е во договор со Европската Комисија. Меморандумот во Брисел го потпишаа 37 потписници, меѓу кои се 25 национални здруженија на пиварници.
Целта е компаниите да преземат јавна одговорност кога станува збор за истакнување на состојките на етикетите на своите производи, а потрошувачите да имаат на увид разбирливи, препознатливи, споредливи и точни информации на налепниците на сите алкохолни пијалаци.