Јапонија ја укинува услугатa за пејџери, неколку децении откако ваквата технологија е исфрлена од употреба поради развојот на мобилната телефонија. Последниот сервис за пејџери во оваа земја „Токио Телемесиџ“ денес престана со работа поради намалена побарувачка.
Оттаму соопштија дека останале помалку 1.500 корисници, иако уредите не се произведуваат веќе две децении. Пејџерите беа најпопуларни во деведесеттите години, а најмногу претплатници компанијата имала во 1996 година, околу 1,2 милион.
Пејџерите се личен радио уред кој се користи за примање на пораки испратени преку оператор. Не е јасно кој уште ги користи пејџерите, но „Јапонија тајмс” пишува дека пејџерите се популарни кај луѓето кои работат во болниците, бидејќи тие не испуштаат електромагнетни бранови.
Неподготвеноста на Јапонија да се оддели од старата технологија, исто така, може да се должи на стареењето на Јапонија. Земјата се смета за “супер-стара” нација, каде повеќе од 20% од населението е над 65 години.
Во неделата, погребна фирма во Токио поставила шатор близу железничката станица каде луѓето можеле да положат цвеќе и да одадат почит кон џебното ѕвоно- пејџерот. Фотографијата на пејџерот покажувала порака „1141064″, која представувала код за „те сакаме”.
Креирани во педесеттите, пејџерите својата слава ја доживеаја во осумдесеттите години. До 1996-та година, компанијата „Токио Телемесиџ“ имала 1,2 милиони претплатници. Беа популарни меѓу работниците, како и меѓу средношколците кои користеа нумерички код за да разменуваат пораки. Но, набргу по комерцијализацијата на пејџерите пристигнаа и мобилните телефони кои означија крај на една ера.
Во Велика Британија, Националната здравствена служба се уште користи 130.000 пејџери, но и тие ќе бидат исфрлени од употреба во 2021 година.