Брендот „Goop“ на Гвинет Палтроу промовира здрав начин на живот
Гвинет Палтроу започна со промовирање на брендот во 2008 година. Сепак, таа се најде на удар на критики кога започна да споделува совети кои промовираат „страв од храна“. Еден од написите објавени на страницата им порачува на корисниците дека треба да бидат „со најмала телесна тежина“. Тој напис е дело на психологот д-р Тасија Ман, а нејзиниот колега научник од Кембриџ, д-р Џилс Џео, упати остра критика кон неа.
„Ова е опасна сугестија затоа што многу луѓе ќе земат како порака дека треба да бидат што е можно потенки. Неодговорно е затоа што идејата е толку подложна на заблуда, а особено за младите девојки кои имаат предиспозиција да развијат нарушувања во исхраната“, рече д-р Џилс.
Тој додаде дека не постои начин да се пресмета минималната тежина со која можете да живеете и дека луѓето не треба да се плашат од јадење и не треба да бидат преоптоварени со диети, пишува Дејли Стар.
„Goop е дел од причината зошто луѓето почна да се плашат од јадење“, рече тој.
Д-р Ман се обиде да се одбрани и подобро да го објасни терминот кој го употреби и истакна дека тоа се однесува на најмалата можна тежина што можеме да ја имаме, а при тоа да не држиме ригорозни диети и имаме нездрави навики.