Приказната за јајцето кое помина долго и мачно патување од сток фотографија до хит на Инстаграм е една од работите што ја одбележаа 2019 година, бидејќи ги собори сите рекорди и ги победи сите инфлуенсери.
Јајцето на крајот ги сруши и рекордите на Твитер, како што пишува во годишниот извештај во кој се вели дека „World Record Egg“ е едно од најсподелуваните објави на платформата. На листата беа вклучени симпатични животни на чело со патки и мачки, вирални мемиња, но и сцени од серијата Game of Thrones од финалната сезона. Серијата Stranger Things се најде на второ место кога се во прашање ТВ содржините, а потоа следат The Simpsons и La Casa de Papel.
The Avengers: Endgame води кога се во прашање филмските теми, а следуваат Toy Story 4, Joker и Spider-Man: Far From Home, додека најпопуларни музичари се K-Pop bend BTS, Ariana Grande, Drake, Rihanna и Cardi B.
Дека струите се менуваат и предметите стануваат попопуларни од луѓето, сведочи и фактот што јајцето ги победи и најпопуларните политичари во рамките на платформата, пред Доналд Трамп, Барак Обама, индискиот премиер Нарендра Моди и Александра Окасио-Кортез, американска конгресменка.
Let's set a world record together and get the most retweeted tweet on Twitter. Beating the current world record held by Yusaku Maezawa @yousuck2020 (5.3 million!)
We got this 🙌 pic.twitter.com/VkMPwJo9GI
— World Record Egg (@egg_rt_record) January 14, 2019