Патувате во странство и една од работите што ги правите е да го изгасите интернетот во роаминг. За корисниците на мобилната пост пејд и при пејд телефонија на А1 Македонија тие времиња се веќе минато бидејќи компанијата ја увиде потребата на своите корисници од интернет комуникација и во странство и затоа продолжуваат со најдобрата роаминг понуда која овозможува 2GB во странство.
Сигурно си го поставувате прашањето , што можам со 2GB кога ќе ја минам границата? Според статистиките, 2GB се сосема доволни за непрекинат чет на сите апликации како Messenger, Viber, WhatsApp а секако и за постирање статуси на Facebook и Instagram , за гледање кратки видеа со пониска резолуција, но и за она што ни е најважно во странство, движењето според електронски мапи.
Што се можете да направите со 2GB во роаминг:
– Да испратите неверојатни 2 милиони текстуални пораки преку Вибер или 20 000 emoji, GIF-ови или сл.
– Да се сликате и да ги постирате најубавите 1.000 фотографии на социјалниите мрежи
– Да си снимате и да постирате 300 видеа со должина од 1 минута и со резолуција 640*400 на социјалните мрежи
– Слободно да си работите каде и да сте и да пратите 20 000 mail – ови со текст подолг од една страна и тежина од 100kB
Пакетите за роаминг интернет се валидни во 24 за при пејд односно во 25 оператори во Европа – меѓу нив се оператори од сите најчесто посетувани земји: Бугарија, Грција, Албанија, Шпанија, Италија, Хрватска, Турција, Малта, како и во сите останати земји од Европа каде има оператори од А1 Телеком Австрија Групацијата. Пакетите се валидни за користење кога корисниците ќе се закачат на мрежа на некој од партнерските оператори.
Сите корисници на А1 Македонија може да активираат пакет од 2GB во роаминг за 499 денари месечно, а може да се активира преку едноставно испраќање на СМС порака со текст START XL на 140999 или преку едноставно пристапување преку апликацијата Мојот А1.