Супермаркетот Jumbo во Холандија одлучи да ја ублажи осаменоста на повозрасните лица и направи „Chat Checkout“ каса за разговор, со цел неговите купувачи да бидат задоволни
Осаменоста кај старите луѓе е честа појава во целиот свет. Според истражувањата, повеќе од половина од луѓето над 55 години, страдаат од осаменост.
Овој растечки проблем го забележаа луѓето во супермаркетот Jumbo во Влијмен, Холандија, кои смислија уникатен начин за борба против осаменоста.
Ние направија „Chat Checkout“, каса за муабетење и ќоше за разговор (All Together Coffee Corner). Идејата е повозрасните посетители на продавницата да можат да пијат кафе, да се дружат, да запознаваат свои врсници, да зборуваат за нивниот ден, па дури и да побараат помош. И сето ноа наиде на големо одобрување, според коментарите на купувачите.
Проектот е одобрен од министерот за здравство Хуго де Јонг, а во него учествуваат доброволци од хуманитарна организација за помош на стари лица.