Најновиот модел на спортските обувки на популарниот бренд Пума, ги “запали“ социјалните мрежи во Русија, на кои се изнесени бројни теории за скиеното значење на патиките, од тоа дека се ода на Хитлер или светски познатиот руски писател Николај Гогољ.
Патиките „Адреналинска бура“ предизвикаа сомнеж поради нивното име, затоа што познавачите на историја повлекоа паралела со озогласените трупи на Хитлер. Споредбата можеби изгледа помалку неуверливо, но оваа теорија на завера доби уште два дополнителни силни аргументи. Основачот на Пума, Рудолф Даслер бил припадник не само на нацистичката партија, туку и постојан поддржувач на нацистите. Друг “доказ“ се самите патики. Кога се гледаат одозгора, работ околу прстите и самиот дизајн, потсеќаат на фризурата и мустаќите на Хитлер.
Сето тоа предизвика лавина негативни реакции за патиките.
Овие наводи се ублажени со алтернативни толкувања на дизајнот на патиите. Книжевниците забаелжале дека дизајнот на патиките го прикажуваат портретот на познатиот руски писател Николај Гогољ. .
Но, тука не завршуваат книжевните споредби. Некои сметаат дека патиките претставуваат омаж на американскиот поет и писател Едгар Алан По.
Бурата на социјалните медиуми не доведе до повлекување патики од полиците во Русија, веројатно затоа што „Адреналинската бура“ е направена во разни бои и дезени, од кои многу не наликуваат на никого.